Околу 18.000 вработени во „Praktiker“ ќе останат на улица
Околу 18.000 лица ќе останат без работа, откако германскиот ланец на продавници „Praktiker“ за производи од типот „направи сам“ денеска соопшти дека не успеал да собере доволно средства за да продолжи со работа. Од компанијата велат дека ќе мора да ја разгледаат можноста за банкрот.
„Разговорите за дополнителните, првично ветени средства за реорганизација на бизнисот, завршија со неуспех, бидејќи одделни кредитори не одобрија средства“, се наведува во соопштението на „Praktiker“, пренесува Франс Прес.
Финансирањето на „Praktiker“ стана повеќе од потребно, откако презадолжената групација не успеа да ја спроведе планираната продажба на акции во компанијата „Batiself“, пренсува Франс Прес.
Слично
