Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 100.000 луѓе го пречекаа Емилијано Мартинез во родниот град

Околу 100.000 луѓе го пречекаа  Емилијано Мартинез во родниот град

Околу 100.000 луѓе  синоќа се собраа во Мар дел Плата, на истокот на Аргентина, за да го пречекаат Емилијано Мартинез, голманот на аргентинската репрезентација која стана светски шампион.

Тие се собрале на плажата, местото каде што ги следеле натпреварите за време на Светското првенство во Катар, на околу 420 километри од главниот град Буенос Аирес.

Мартинез кој е прогласен за најдобар голман на Светското првенство, изјави дека е горд што е првиот светски шампион од овој град.

Мартинез го достигна врвот на кариерата во Катар. Тој од 2010 до 2020 година беше резервен голман на Арсенал. Пред десет години беше и во Оксфорд, а сега е светски првак.

Тој е роден на 2 септември 1992 година во малото гратче Мар дел Плата, Аргентина. Мартинез изјавил немал среќно детство затоа што израснал во сиромаштија. Како дете, еднаш го нашол својот татко како плаче во неговата соба затоа што не можел да ги плати сметките.

Слично

Поврзани вести