Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 10 000 бегалци влегоа во Австрија

Околу 10 000 бегалци влегоа во Австрија

Околу 10.000 бегалци влегоа во Австрија откако владата, во договор со Германија, одлучила да ги отвори своите граници за мигранти откако дојде до критична состојбата во Унгарија.

Бранот на доаѓање на бегалците траеше и во текот на минатата ноќ, бидејќи на граничниот премин Никелсдорф минатата ноќ дошле 1000 бегалци, кои се превезени со возови до местото Хеџешал, откаде околу 10 км морале да пешачат до австриската граница.

Повеќето бегалци го продолжиле своето патување кон Германија, но одреден број морале да чекаат превоз, и на Виенската железничка станица ноќта ја поминале околу 1500лица.

Унгарија ја изненадила Австрија минатата ноќ бидејќи околу 1500 бегалци во текот на ноќта испртаила за Австрија, а Германија не сакала во текот на ноќта да прифаќа возови, па поради тоа поголем број останале на станиците.

Меѓу надојдените бегалци имало доста и повредени.

Децата биле пренесени во болница, имале проливи, повраќале и биле дехидрирани.

Една трудница имала болки и била пренесена на гинеколошко одделение.

Многумина имале и плускавци на нозете бидејќи пешачеле 10 километри.

Слично

Поврзани вести