Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОКЛОПНИ ВОЗИЛА, ТЕШКИ МИТРАЛЕЗИ, МУНИЦИЈА: Две европски земји најавија помош за Украина

ОКЛОПНИ ВОЗИЛА, ТЕШКИ МИТРАЛЕЗИ, МУНИЦИЈА: Две европски земји најавија помош за Украина

Две европски земји најавија дека ќе ја снабдат Украина со оружје. 

Станува збор за Грција и Белгија. Грција и Германија се договориле да бидат испратени во Украина 40 грчки оклопни возила ΒΜΡ-1, кои ќе се заменат со германски возила од типот Мардер.

Дописничката на МИА од Брисел јави дека Белгија ќе додели дополнителни 12 милиони евра воена помош за Украина.  Информацијата ја објави белгиската министерка за одбрана, Лудивин Дедондер, во интервју за белгискиот весник „Ехо“. Ќе испорачаат тешки митралези и муниција во износ од 12 милиони евра, како и летачка опрема за зимата, а идната година Белгија ќе испрати и амбуланти и медицински камиони.

Русија веќе предупреди дека имаат црвени линии во однос на оружјето кое САД го испраќа во Украина. 

Инаку, Украина со контраофанзива врати дел од териториите кои Русите ги окупираа. Војната почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести