Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОИ ги освежи британците- „лапнале“ 30 милиони фунти

ОИ ги освежи британците- „лапнале“ 30 милиони фунти
Точно е дека Олимписките игри, изградбата на  терените, стадионите и комплетната инфраструктура и сместувачки капацитети чини многу но покрај престижот и рекламата за одредена земја тоа е одлична можност и да се заработи.
Тоа го потврди домаќинот на ЛОИ 2012 Лондон кој  соопшти дека остварил  профит од 30 милиони фунти по одржаните Олимписки и Параолимписки игри во англиската престолнина.
Во соопштението на организацискиот комитет Лондон 2012, суфицитот кој го оствариле ќе биде поделен помеѓу Британскиот Олимписки Комитет (БОА) и Владата, а дел од парите ќе бидат распределени за меѓународни развојни проекти, кои биле од големо значење за ЛОИ во Лондон.
Така БОА ќе добие 5,3 милиони фунти, параолимпискиот комитет 2,6, додека Владата на Велика Британија, која обезбеди 9,3 милијарди фунти за организавија на најголемиот спортски светски настан ќе добие 20 милиони фунти.
Слично

Поврзани вести