Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огромно мнозинство од Русите ги оправдуваат постапките на Путин

Огромно мнозинство од Русите ги оправдуваат постапките на Путин

Расте популарноста на рускиот претседател Владимир Путин. 

Поддршката за Путин се зголеми од 67,2 отсто пред да нареди инвазија на Украина на 24 февруари, на 81,6 отсто. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на државната агенција VTsIOM кои беа објавени денеска. 

VTsIOM објави дека 78,9 отсто од испитаниците во нивната последна анкета рекле дека ги одобруваат акциите на Путин, наспроти 64,3 отсто во неодамнешната анкета пред инвазијата на Украина, која Русија ја нарекува своја „специјална воена операција“. Уделот на Русите кои не ги одобруваат неговите постапки падна од 24,4 отсто на 12,9 отсто. Анкетата е направена од 28 март до 4 април. 

Слично

Поврзани вести