Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРОМНИ РАЗЛИКИ: За некој една, за некој 331 година!

ОГРОМНИ РАЗЛИКИ: За некој една, за некој 331 година!
Просечен работник во САД мора да работи 331 година за да ја заработи просечната годишна плата на директорите од елитното „друштво“ американски компании на листата „Fortune 500“. На реномираната годишна листа се наоѓаат 500 компании од САД кои се најдобро рангирани според годишните приходи. Споредбените податоци на АФЛ-ЦИО, разликата во примањата меѓу обичен работник и извршен директор во една од овие компании изнесува дури 331 пат! Друго истражување на агенцијата „Еквилар“, пак, тврди дека оваа разлика е „само“ 257 пати. Но, кое било од овие истражувања да се земе за точно, во секој случај извршните директори земаат најголем дел од „колачот“ особено во последните 30 години. Според официјалната статистика, во 1983 година, платата на извршните директори во просек била само 46 пати повисока од просечната годишна заработувачка на работниците. Од тогаш разликата во примањата континуирано и незапирливо расте, а годишниот пакет (плата плус бонуси) за врвните менаџери во САД во 2013 година изнесувал 10,5 милиони долари.  
Слично

Поврзани вести