Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРОМНА КАЗНА: Француска банка ќе треба да плати речиси 9 милијарди долари!

ОГРОМНА КАЗНА: Француска банка ќе треба да плати речиси 9 милијарди долари!

Францускиот банкарски гигант БНП Парибас СА призна одговорност за фалсификување на деловна документација во САД и ќе мора да плати 8,97 милијарди долари, што е највисока парична казна изречена во американската историја.

Тед Старишевски, помошник државен правобранител во сојузната американска држава Њујорк, потврдил дека банката долгорочно ги кршела прописите и оти за тоа знаел самиот врв на БНП Парибас.

Регулаторната банкарска агенција во државата Њујорк побара банката да ја напуштат 13 директори.

БНП Парибас претходно објави дека веќе издвоила 1,1 милијарда долари за покривање на трошоците на американската казна, но веднаш беше предупредена дека износот на казната би можел да биде далеку поголем од резервираната сума.

Слично

Поврзани вести