ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ПОЗНАТО ЛЕТУВАЛИШТЕ - 1.700 туристи евакуирани, едно лице загина (ВИДЕО)
Вкупно 1.700 луѓе беа евакуирани, а една жена почина поради пожар во туристичко одморалиште во Доминиканската Република.
Во официјалното соопштение од службата за итни случаи DAEH се вели дека Франческа Валентино, 46-годишна италијанска државјанка, загинала во пожарот во хотелот „Вива Виндам Доминикус Бич“. Според службата, три лица се однесени во медицински установи, додека шест други се згрижени на лице место, а меѓу повредените има гости, посетители и спасувачи, објави Си-Ен-Ен.Видеата емитувани од локалните медиуми прикажуваат драматични сцени од карипскиот брег, каде што густи облаци од црн чад се издигаат над плажата додека пламените јазици целосно го зафаќаат сламениот покрив на одморалиштето.
Центарот за итни ситуации (COE) соопшти дека пожарот се шири со огромна брзина.
- Прелиминарните набљудувања покажуваат дека пожарот се проширил брзо поради запаливоста на конструкциите на покривот од палми, како и ветерот - се вели во соопштението на COE.
„Виндам Хотели енд Ресортс“, кој поседува франшиза за околу 8.400 хотели низ целиот свет, не одговори веднаш на барањето за коментар.
Локалните власти потврдија дека пожарот оттогаш е ставен под контрола, но дека точната причина за пожарот сè уште е под истрага. Сите евакуирани гости веднаш беа преместени во блиските хотели, а беше нагласено дека соседниот хотел „Вида Виндам Доминикус Палас“, кој припаѓа на истиот синџир, не претрпел никаква штета.
И покрај сериозноста на инцидентот, властите ја уверуваат јавноста дека нема потреба од паника и дека одморот за другите посетители продолжува без прекин.
„Туристичките активности во Баџаџибе и околината остануваат ненарушени и продолжуваат да работат безбедно и нормално“, додаде Центарот за вонредни ситуации.
Tуристка Валентино (45) во времето на пожарот била на одмор со својот сопруг, кого го запознала таму пред неколку години.
Валентино се засолнила на плажата за време на евакуацијата, заедно со други гости на одморалиштето. Сепак, таму била зафатена од густ чад од пожарот и ја изгубила свеста. Според првичните информации, вдишала јаглерод моноксид што се проширил од пожарот.
Службите за итни случаи брзо интервенирале и ја пренеле во болницата во Ла Романа, но таа починала набргу од компликации поврзани со вдишување чад.
45-годишната жена, која требало да го прослави својот роденден за неколку недели, прво живеела во Рим, а потоа во Санто Доминго. Таа беше инструкторка по танц, а учествуваше и во неколку телевизиски емисии. Потоа, заедно со својот брат, одлучи да се пресели во Бајахибе, пишува „Кориере дела Сера“.
Пред околу десет години, се омажи за Доминиканец што го запознала за време на престојот таму. Подоцна одлучила да се врати во Италија, во Казерта, со него, за да изградат заедничка иднина. Нивните две ќерки исто така пораснале таму.
Фото: Принтскрин/Јутуб
