Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огромен број на жртви во пожарот во Кемерово, бројката расте, најмногу починати се деца

Огромен број на жртви во пожарот во Кемерово, бројката расте, најмногу починати се деца

Во страшниот пожар  во Кемерово, 64 луѓе загинаа, а десетици се повредени. Странските медиуми пишуваат дека меѓу жртвите се голем број деца. Според медиумите во пожарот починале деца од цело одделение на основно школо.

Како што се наведува, групата деца со учителката, дошле на излет во Кемерово. Училителката одлучила да прошета, а децата останале во киното, од каде не успеале да излезат, пренесува B92.

Најдени се и голем број на неправилности во однос на безбедносниот систем.

Ана Заречнева, која го посведочила настанот, изјавила дека пожарниот аларм не се вклучил воопшто. Ана и нејзиното семејство успеале да избегаат на време затоа што другите посетители на трговскиот центар ги предупредиле дека има вонредна состојба.

„Моравме да излеземе поради пожарот. На спратовите каде се кино салите, беше целосна темница. Луѓето се во паника“, навела таа.

Дел од медиумите пишуваат дека е покрената истрага, дека четворица се уапсени и дека се трага по сопственикот на трговскиот центар.

Бројот на жртви се зголемува.



Слично

Поврзани вести