Огранокот на Ал Каеда во Јемен подготвува напади во САД и западните земји
Крилото на терористичката организација Ал Каеда во Јемен повика на напади во стилот на „волци осаменици“ во САД и во западните земји, во видео снимка која беше поставена по само неколку дена откако групата ја презеде одговорноста за нападите во Париз.
Еден од лидерите на групата, Насер бин Али ал Анси, ги повикал своите приврзаници да отпочнат со „индивидуален џихад“, наведуваат набљудувачките групи на „SITE“, организација која онлајн ги следи исламските екстремисти.
„Подготвени сме да ги уништиме непријателите на Алах. Ќе ги поттикнеме нашите верници секој индивидуално да го прави тоа“, истакнал Анси.
Во претходна видео снимка, Анси соопштил дека групата на Ал Каеда која финкционира на Арабискиот полуостров (AQAP), стои зад нападите врз францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ по што започна тридневно крвопролевање во кое загинаа 17 лица.
Западните влади велат дека за сега се уште не е јасно дали AQAP дирекно раководела со нападите, иако се верува дека еден или двајца од напаѓачите поминале извесно време со џихадистите во Јемен.
Во последното обраќање, објавено во вид на интервју, Анси предложил напади во стилот на „волци осаменици“, бидејќи така може да се направи поголема штета. Тој додал дека доколку се покаже дека тоа не е практично, приврзаниците ќе треба да ги напуштат западните земји, пред да бидат живи закопани според законите на „неверниците“.
Слично
