Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРАБЕНИ ПРОДАВНИЦИ, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ФРАНЦИЈА ПРЕД ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Во земјата владее тотален хаос

ОГРАБЕНИ ПРОДАВНИЦИ, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ФРАНЦИЈА ПРЕД ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Во земјата владее тотален хаос

Во Париз трета ноќ по ред продолжија жестоките судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што беа уапсени над 660 лица. Повредени се 249 полицајци. Продавниците беа ограбени, а имаше и автомобили во во пламен и покрај силното полициско присуство. Франција распореди 40.000 полицајци низ целата земја, но тоа не го спречи избувнувањето на насилството.

Немирите започнаа во вторникот, откако полицаец застрела и уби 17-годишно момче од алжирско-мароканско потекло, Нахел М, кое се обиде да се оддалечи кога беше запрен од полицијата. Полицаецот кој пукал во Нахел му се извини на семејството. Тој е обвинет за убиство, а неговиот адвокат вели дека е „уништен“.

Француската премиерка Елизабет Борн ги опиша синоќешните настани во Франција како „неподносливи и неоправдани“ по состанокот со министрите утринава.

Таа се огласи на Твитер за да ја повтори својата поддршка за полицијата и другите служби за итни случаи кои „храбро“ работат додека немирите продолжуваат.

Истовремено, францускиот претседател Емануел Макрон ќе го свика својот кабинет на вториот кризен состанок за два дена, откако избија масовните немири низ земјата. Средбата ќе се одржи во време кога десничарските и крајнодесничарските политичари бараат прогласување вонредна состојба.

Размерите на уништување забележани ширум Франција утринава веројатно ќе ги поттикнат повиците за вонредна состојба. Потпретседателот на Сенатот Роџер Каручи веќе објави на Твитер дека непрогласувањето вонредна состојба би било „грешка“.

ФОТО: EPA-EFE/JULIEN MATTIA

Слично

Поврзани вести