Огорчени од Европа Сиријци го фаќаат патот кон дома?
Илегално влегле во Европа, илегално ја напуштаат.
Европа е ветена земја за многумина кои ги ризикуваа своите животи за да стигнат до неа. Но, нивните соништа се удавија во калливите полиња на Северна Грција. Сега десетици сириски бегалци повторно ја ставаат на коцка својата судбина, тргна на пат, но овој пат во спротивна насока - тие плаќаат на шверцери, за да ги вратат назад кон Турција, пишува германскиот весник Die Welt.
Секоја вечер, групи бегалци се собираат на станицата на грчкиот град Димотика. Меѓу нив е и 27-годишниот Атиа ал-Джашем, фризер од Дамаск. По неколку месеци поминати на грчко-македонската граница, сега тој сака да се врати во својата татковина заедно со сопругата и ќерката која нема ни година.
„Одам во Турција, не сакам во Европа. Навистина сме уморни. Се молам на Бог за помош да се вратиме назад во Турција“ - вели тој.
Неговото семејство е пристигнато на 24 февруари во Грција. Тие продолжиле на север, но границата со Македонија останала најсеверната точка од Европа, до каде стигнале.
Останале со месеци во кампот Идомени на границата со Македонија.
Одлучиле да се вратат во Турција, но како и многу други, тој сфаќа дека тоа не е лесно. Законскиот начин за враќање е долг и затоа на патот назад, бегалците се потпираат на истите луѓе кои ги доведоа до Европа - шверцерите.
