Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огнен Јанески во Њујорк за половина час ja избегнал експлозијата

Огнен Јанески во Њујорк за половина час ja избегнал експлозијата

Водителот Огнен Јанески за 24 Вести вели дека 30 - тина минути пред експлозијата во Њујорк си заминал од местото.

„Имав среќа, заминав 30-тина минути пред немилиот настан бев на местото на случувањето, но, за среќа го напуштив навремено“ - вели тој за 24 Вести. 

29-мина се повредени при силната експлозија во квартот Челзи на Менхетен во Њујорк, САД, синоќа, околу 20.30 часот.

Експлозијата се случила на западната страна на 23-та улица, пред петкатна зграда за слепи луѓе, помеѓу 6-та и 7-та авенија, во реон кој е познат по ноќен живот - барови и ресторани, особено полн со луѓе во сабота навечер. Последните истражувања посочуваат дека експлозијата потекнува од кутија со алати, фрлена до контејнерот.

24 лица се хоспитализирани од 29, и мал дел од нив се здобиле со потешки телесни повреди, меѓу кои и 8-годишно дете, кое се возило во автомобил во моментот на експлозијата. Само еден е со тешки телесни повреди, но, никој од дваесетидеветмината не е во животозагрозувачка состојба.

Околу 23.10 часот пронајдена е уште една (втора) специфична и сомнителна направа (експрес лонец, поврзано со жици за мобилен телефон) на 27-та улица (4 блока погоре, помеѓу истите две авении), која се испитува од њујоршката полиција.



Слично

Поврзани вести