Огласувањето од ТВ се сели на интернет
Американците оваа година ќе погледнат многу повеќе огласи на интернет и своите мобилни телефони отколку на телевизор, покажало истражувањето на пазарот кое го спровела компанијата eMarketer.
Тоа е прв пат огласите поврзани со дигиталните медиуми да ги престигнат телевизиските огласи, а како главна причина се наведува податокот според кој корисниците поминуваат многу повеќе време разгледувајки зодржини на уредите како паметните телефони, таблетите и компјутерите.
Времето поминато пред компјутер и различни мобилни уреди би требало оваа година да порасне за 16 отсто а од друга страна времето минато пред ТВ да се намали за 3 проценти.
Просечниот американец според резултатите на истражувањето дневно ќе минува 5,09 часа пред различни уреди кои овозможуваат преглед на дигиталните медиуми додека пред телевизор ќе минува 4.31 час.
Во студијата е истакнато дека корисниците кои истовремено гледаат ТВ и прегледуваат соддржини на таблет подеднакво се присутни и таму и таму.
Слично
