Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАС: Кралицата Елизабета бара собарка и подготвена е добро да плати

ОГЛАС: Кралицата Елизабета бара собарка и подготвена е добро да плати
Ако верувате дека собарка не може добро да заработува, размислете уште еднаш! Бакингемската палата објави оглас за вработување со кој бара собар или собарка за плата од околу 1.450 евра месечно или 17.400 евра годишно. Работата е далеку од луксузна - личноста која се бара ќе биде задолжена за одржување на кралските купатила, за чистење, презентација и грижа за гостите во официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора. Сепак, во договорот е вклучено бесплатно сместување и храна. Избраниот кандидат би имал осумчасовно работно време, пет дена во неделата. Во должноста на овој персонал се вклучува и носење на работите на хемиско чистење, грижа за накитот, подготвување купки, помагање околу облекувањето, како и аранжирање на сервисот за чај и појадок. Работникот е одговорен и за одржување на теписите, мебелот, античкиот мебел, уметничките дела, рамките за слики, огледалата и сребрените и месинганите детали. Од кандидатите се бара педантност, но и лојалност и дискретност, бидејќи ќе работат во близина на членовите на кралското семејство. Истовремено, тие треба да бидат расположени три месеци годишно да работат надвор од Лондон. Во Бакингемската палата во моментов работат околу 800 луѓе задолжени за 775 соби. Огласот за вработување е објавен точно во момент кога британските пратеници испратија итно барање до кралскиот дворец да ги намали трошоците и да се обезбедат средства за реновирање на имотите во сопственост на кралската династија. Според извештајот на Комисијата за државните сметки, финансиските ресурси на кралицата се намалени и достигнале до еден милион фунти (1,2 милиони евра). “Според нас постои можност уште да се намалат трошоците и да биде поефикасна програмата на кралицата”, истакна Маргарет Хоџ, претседателка на Комисијата. Во комисискиот документ се наведува дека се потребни поголеми суми за да се одржат на достоинствено ниво имотите кои му припаѓаат на кралскиот дворец, а кои се од национално значење, како што се Музејот на Викторија и Алберт во Лондон, потоа Бакингамската и Виндзорската палата, кои чекаат подолг период да бидат реновирани.
Слично

Поврзани вести