Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

Историската зграда на берзата во Копенхаген, која беше во фаза на реновирање, беше уништена од голем пожар што избувна утрово во центарот на данската престолнина.

Се урна и кулата на зградата, а локалните медиуми јавија дека се слушнал силен удар при падот на кулата.

Лицата кои се наоѓале во зградата се навреме евакуирани и според првите податоци нема повредени.

Блокиран е и пристапот до областа.

Во тек е спасувањето на бројни уметнички дела во зградата која важи за една од најубавите во земјата и еден од симболите на Копенхаген.


Зградата се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести