Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Бомба е причината за урнувањето на рускиот авион во Египет

Официјално: Бомба е причината за урнувањето на рускиот авион во Египет

Причината за несреќата на рускиот патнички авион „A321“ во Египет е терористички напад. Тоа му го соопштил директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников на рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа агенциите.

„Во урнатините од авионот се пронајдени траги од експлозив со странско производство“, изјавил Бортников. „Оттука причината за падот на „A321“ е експлозија на импровизиран уред со капацитет до 1 килограм тротилов еквивалент“, додал директорот на службата за безбедност.

Уште во почетокот на месецот истражните лица ја оценија катастрофата со рускиот авион во Египет и изјавија дека „се 90 проценти сигурни“ дека бучавата, регистрирана во последната секунда на снимката од пилотската кабина, е експлозија, предизвикана од бомба.

Екстремисти од групата „Исламска држава“, искажувајчи се против силите за безбедност на египетскиот Синајски полуостров, изјавија дека тие го урнале авионот „Ербас А321“, кој се урна 23 минути по полетувањето од одморалиштето Шарм ел Шеик за Санкт Петербург пред една недела. Загинаа сите 224 лица во авионот.

Слично

Поврзани вести