Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално потврдено: 8 мртви при напад на Амбасадата на Франција во Буркина Фасо

Официјално потврдено: 8 мртви при напад на Амбасадата на Франција во Буркина Фасо

Во денешните напади на Исламски екстремисти врз Генералштабот на армијата и врз Амбасадата на Франција во Уагадугу, главен град на Буркина Фасо, јави АФП повикувајќи се на извори од силите за безбедност.

Повеќе од 90 лица биле повредени, а официјалните лица соопштија дека станува збор за терористички чин.

Засега ниту една терористичка организација не презела одговорност за нападот. Поставени се пет болнички центри за вонредни состојби во болниците, во касарна и на стадионот во главниот град. Властите најавуваат дека бројот на жртвите се зголемува.

Според очевидци, од автомобил излегле повеќемина вооружени мажи и отвориле оган, а на фотографиите што се појавија на социјалните мрежи може да се види и црн чад.


Слично

Поврзани вести