Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОФИЦИЈАЛНО-НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО НЕСРЕЌАТА НА КИНЕСКИОТ АВИОН: Напорите за пребарување продолжуваат, но надежите се минимални

ОФИЦИЈАЛНО-НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ ВО НЕСРЕЌАТА НА КИНЕСКИОТ АВИОН: Напорите за пребарување продолжуваат, но надежите се минимални

Не се пронајдени преживеани од несреќата на кинеската авиокомпанија „Истерн ерлајнс“ додека напорите за пребарување влегуваат во вториот ден, објавија кинеските државни медиуми.

Во најтешката кинеска авионска несреќа во последната деценија, Боинг 737-800 - со 132 луѓе - се урна во понеделникот попладне на југот на земјата на лет од Куминг до Гуангжу.

Засега не е позната причината за падот на авионот, а властите не соопштуваат нови информации за жртвите. Според државниот весник „Младински дневник“, истражителите на местото на несреќата се соочуваат со тежок терен и лоши временски услови и допрва треба да ги пронајдат црните кутии на авионот, кои би можеле да дадат клучни индиции за тоа како се одвивала катастрофата.

Фотографиите и снимките објавени од државните медиуми покажуваат огромен чад што се издигнува над планината по падот. Екипите за спасување и пребарување се пробиле низ теренот покриен со остатоците и делови од авионот. На земјиштето се расфрлани пасоши, лични документи и делови од мобилни телефони, јавува Младински дневник, пренесува Си-Ен-Ен.


Слично

Поврзани вести