Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Бројот на загинати во нападите на Шри Ланка е 253, а не 359 лица

Официјално: Бројот на загинати во нападите на Шри Ланка е 253, а не 359 лица

Бројот на жртвите во нападите врз цркви и хотели кои се случија на првиот ден католички Велигден на Шри Ланка е намален на 253 лица.

Бројот на загинати лица е помал за разлика од првичните податоци.  Голем е бројот на починати кои буквално се распарчени и поради големиот број на делови од човечки тела тешко е да се прецезира бројот на загинати, тврдат двајца високи владини претставници.

„Може да има 250 или 260 мртви. Не можам да кажам точно, има толку многу делови од телото и тешко е да се одреди прецизната бројка", рекол Анил Џасинг, главен медицински офицер на здравствените служби во Шри Ланка во интервју за европски медиум.

Раулан Вијеварден, заменик-министер за одбрана на Шри Ланка, чие министерство е одговорно за безбедносните сили, рекол дека бројот на загинати бил намален на 253 поради неточни бројки што претходно им биле дадени од мртвачниците.

Нападите на бомбаши-самоубијци беа извршени во недела во три цркви и три луксузни хотели. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава - ИСИЛ.

Слично

Поврзани вести