Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОФИЦИЈАЛНИ ПРОЦЕНКИ - две дози на Фајзер го намалуваат ризикот од омикрон за 84 отсто

ОФИЦИЈАЛНИ ПРОЦЕНКИ - две дози на Фајзер го намалуваат ризикот од омикрон за 84 отсто

Две антиковид вакцини го намалуваат ризикот од хоспитализација или смрт предизвикана од коронарен вирус омикрон до 84 проценти, додека бустер дозата ја преполови можноста некој воопшто да заболи од Ковид, според официјалните проценки од Велика Британија.

Моделот SAGE (британската владина научна советодавна група за итни случаи), објавен викендов, пресмета дека две дози на Фајзер обезбедуваат 83,7 отсто заштита од хоспитализација или смрт од соеви на корона со најмногу мутации досега, објави „Дејли мејл“.

Во исто време, се проценува дека две дози на АстраЗенека го намалуваат ризикот од сериозни болести за 77,1 отсто.

Сепак, се додава дека заштитата од овие вакцини исчезнува во рок од три до шест месеци.

Се проценува дека примањето на засилувачка доза на Фајзер ја зголемува заштитата до 93 проценти, без оглед на тоа кои први две дози се дадени, што е приближно иста заштита како да се даваат две дози Фајзер против Делта, се додава.

Проценките се направени од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и се засноваат на лабораториски студии кои бараат антитела.

Според овој модел, постои опасност сојот на омикрон да резултира со повеќе хоспитализации отколку што имаше Англија за време на бранот минатиот јануари, кога до 4.000 заразени пациенти беа примани во болниците секој ден.

Извор: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести