Економија, финансии, бизнис

Контакт

Офанзива: „Исламска држава“ презела дел од Авганистан!

Офанзива: „Исламска држава“ презела дел од Авганистан!

Терористите од „Исламска држава“ презеле дел од територијата на Авганистан. Радикалните исламисти зазеле под своја контрола неколку реони од четирите источни провинции. „Информирани сме за присуството во Авганистан на групи поврзани со „Исламска држава“ и внимателно ги следиме за да дознаеме дали нивната појава ќе има значајно влијание за ситуацијата во регионот“, се вели во изјавата на Пентагон.

Според експертите нападот над Авганистан се развил по класичната шема на „Исламска држава“ - најпрво терористите влегле тајно на територијата на земја, по што дошло до офанзива однадвор. На овој начин бандитите дејствувале во Сирија и Ирак, објавија „Bloknot.ru“.

Традиционални им се и методите на водење војна - терористите го убиваат населението со особена жестокост, ги мачат и егзекутираат заробените.

Авганистанските војници веќе неколку месеци ги задржуваат нападите на „Исламска држава“, губејќи сепак стотици војници. Само за месец се убиени речиси 500 авганистански војници. Успехот на освојувањето на радикалните исламисти се објаснува и со тоа дека силите на западната коалиција кои го напуштиле Авганистан, а исто така и со фактот дека во круговите на движењето „Талибан“ се појавило раскол. Дел од талибанците се приклучиле на „Исламска држава“.

Слично

Поврзани вести