Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЕЦД: Стабилна инфлација во развиените економии

ОЕЦД: Стабилна инфлација во развиените економии

Инфлацијата во развиените земји во декември била стабилна и изнесувала 1,9 проценти на годишно ниво, во однос на нивото од ноември, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој.

Инфлацијата на цената на енергијата изнесува 2,9 проценти, а цената на храната 2,1 отсто. Доколку не се сметаат овие два фактори, стапката за минатиот месец изнесувала 1,5 проценти, наведува ОЕЦД.

Во Канада инфлацијата била стабилна на 0,8 отсто, додека во Велика Британија изнесувала 2,7 проценти. Во САД е намалена на 1,7 од претходните 1,8 отсто, а во Италија на 2,3 од 2,5 проценти.

Инфлацијата во Германија е зголемена од 1,9 на 2,1 процент.

На ниво на еврозоната, стапката во декември била стабилна на 2,2 отсто, додека во Јапонија потрошувачките цени бележат пад од 0,1 отсто, по намалувањето од 0,2 проценти во ноември.

Слично

Поврзани вести