ОЕЦД: Земјите од групата Г20 забележаа раст од 0,9 отсто
Забрзан раст во вториот квартал оствари групата од 20 најразвиени земји во светот и економиите во развој, соопшти ОЕЦД.
Економскиот раст во сите земји од групата Г20 во вториот квартал изнесуваше 0,9 проценти во однос на 0,6 проценти од првиот квартал, се наведува во официјалното соопштение на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, пренесува Франс прес.
Повеќето држави во тој период забележале забрзан раст, при што Турција оствари највисок квартален раст од 2,1 проценти.
Кина забележи раст од 1,7 проценти, Бразил од 1,5 проценти, додека Британија, Германија и САД забележаа еднаков раст од 0,7 проценти.
Економскиот раст незначително забави во Јапонија на 0,9 проценти и во Канада на 0,4 проценти.
Економијата на Италија порасна за скромни 0,3 проценти, додека Франција излезе од рецесија благодарение на растот од 0,5 проценти.
Слично
