ОЕЦД: Забрзува растот на големите економии
Организацијата за економска соработка и развој соопшти дека забрзува растот на повеќето големи економии. Знаци на позначајна стабилизација пак има само во САД и Јапонија, посочуваат од ОЕЦД.
Големите земји со забрзан економски раст како Кина и Бразил имаат добри резултати, а економскиот раст на Русија губи замав, како и растот во Индија кој е под просекот.
Од ОЕЦД наведуваат дека индексот на водечките економски индикатори покажува дека еврозоната во целина фаќа замав, заздравува економски раст на Германија, а опоравување има и во Италија. Проблем е Франција која не излегува од рецесијата.
Слично
