ОЕЦД со пакет на итни мерки ќе се бори против даночното затајување
На средбата на земјите од Г-20, Организацијата за економска безбедност и соработка (ОЕЦД) го претстави планот за пополнување на дупките во нивните буџети, преку активности што ги ограничуваат можностите на корпоративните гиганти да затајуваат данок.
Г-20 побара од ОЕЦД пакет од итни мерки, откако земјите се согласија дека борбата против избегнувањето на плаќање данок е нивни приоритет.
Од ОЕЦД ги советуваат владите да ги хармонизираат во поголема мерка законите за да ги органичат можностите големите инвеститори да пренесуваат огромни суми во даночните оази за да избегнат сериозно оданочување.
„Треба да се развиваат нови меѓународни стандарди за се обезбеди поголема усогласеност при корпоративното оданочување на меѓународен план“, советуваат од ОЕЦД.
Организаијата ги повикува политичките фактори на конкретни дејствија, кои се неопходни за изнаоѓање излез од влошената ситуација во оваа сфера.
На дводневниот состанок денеска во Москва се собраа министрите за финансии и шефовите на централните банки на Г-20, со надеж дека форумот ќе заврши со консензус во борба против даночната евазија.
