Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЕЦД: Имигрантите се економска добивка за општеството

ОЕЦД: Имигрантите се економска добивка за општеството
Имигрантите се економски плус, добивка за општеството. Тоа го покажува најновиот извештај на ОЕЦД, Организација за економски развој и соработка, направен во 27 земји-членки. Многу повообичаено е имигрантите да плаќаат повеќе на општеството преку даноци и такси, отколку што добиваат повратно за себе, преку, например, социјални бенифиции и пензии. Само во пет од земјите-членки на ОЕЦД имигрантите станале нето-трошок за општеството. Најголема заработка врз основ на имиграцијата има Швајцарија, каде што секое имигрантско домаќинство придонесува со 15.000 евра. Соодветниот придонес во Шведска изнесува 800 евра на секое имигрантско домаќинство, пишува шведскиот весник „Дагенс нихетер“
Слично

Поврзани вести