Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одземена лиценца и истрага за „Ламиа“ - Компанијата чиј авион се урна во Колумбија

Одземена лиценца и истрага за „Ламиа“ - Компанијата чиј авион се урна во Колумбија

Телата за воздухопловство и авионски истраги на Боливија одлучија да и ја одземат лиценцата на компанија „Ламиа“ која го организираше чартер летот кој се сруши во Медејин, Колумбија, а загинаа 71 патник, меѓу кои и речиси целиот фудбалски клуб Чапeкоенсе од Бразил. 

„Ламиа“ го поседувала и урнатиот авион кој бил единствен во компанијата за чартер летови, па сега ќе се води истрага за сите аспекти од авионската несреќа и причините кои довеле до неа. 

Боливиските власти привремено го разрешија и раководството на Главната управа за цивилна авијација и на Службата за управување со аеродромите додека тече истрагата за авионската несреќа. При падот во Медејин преживеаа 6 лица.


Слично

Поврзани вести