Одземање на слободата во Русија: Путин ги блокира Фејсбук, Твитер и Гугл
Законот за воведување на бројни рестрикции на корисниците на социјалните мрежи и онлајн медиуми кој во рускиот парламент е донесен во април, сега и официјално почна да се применува, а организациите за заштита на човечките права веќе го нарекоа драконски и напоменуваат дека ќе влијае на слободата на изразување во таа земја.
Тој ќе ги обврзе сите блогери со повеќе од три илјади дневни посети на регистрација кај тело кое не ги регулира масовните медиуми и мора да ги почитуваат правилата кои досега вредеа само за големите медиумски куќи.
Исто така, според овој закон, интернет компаниите ќе мора на руските власти да им овозможат пристап до сите кориснички информации, блогерите повеќе нема да бидат анонимни, а социјалните мрежи имаат шест месеци да ја задржат целата содржина која на нив ја објавиле корисници - при што сите информации мора да бидат префрлени на сервисите во Русија како властите би можеле да имаат пристап.
„Интернетот е последниот остров на слободно изразуавање во Русија и овие драконски регулации јасно се насочени кон стекнување на целосна државна контрола над нив, рекол за Би-Би-Си Хју Вилијамсон од „Хјуман рајтс“.
Сепак, прашање е на кој начин ќе се применуваат делови од овој закон бидејќи сервисите на повеќето популарни социјални мрежи кои ги користат Русите се сместени надвор од оваа земја, а бројни блогери бараат начин на кој ќе можат да го „измамат“ бројачот на дневни посети како би изгледало дека бројот на посети е помал од 3 илјади или во целост ќе ја сокријат статистиката на бројот на посети.
Рускиот интернет гуру Антон Носик верува дека крајната цел на овој закон сепак не се поединечните блогери, колку создавањето на правна основа на темели со кои во иднина државата би мжела да ги блокира најпопуларните социјални мрежи и страници како Фејсбук, Твитер и Гугл.
„Одлуката за блокирање на сите овие платформи е политичка и ќе ја донесе само една личност“ рекол Носик алудирајќи на Владимир Путин.
