Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одредено е најплодното време за работа

Одредено е најплодното време за работа
Вработените се најпродуктивните меѓу 10,01 ч и 11 ч во понеделник, покажа истражувањето на британските консултанти. Тоа е најдобро време од седмицата да ракувате со листата на задачи, во која обично влегуваат три нешта што треба да се направат. Но ако не ги завршите до крајот на понеделникот, шансите да го направите сето вклучено во списокот се намалуваат драстично . Според истражувањето, главната причина за тоа е недостатокот на време , но одолговлекувањето исто така, игра одредена улога , односно 24 проценти од испитаниците признале дека едноставно одлагаат задачи , кои не им се пријатни . 50% од Британките кои учествувале во истражувањето , изјавиле дека се чувствуваат под стрес , ако не успеат да ги завршат сите задачи во листата. За разлика од нив, мажите имаат прилично повеќе лежерен пристап , односно една третина признаваат дека не се загрижени , ако незавршените задачи од списокот им се таложат . Одговарање на сите пропуштени телефонски повици е дефинитивно една од најтешката задача која вработените ја прават секојдневно . Тоа е дефинитивно како врвен приоритет , односно три четвртини од испитаниците го сметаат за своја главна задача . Две третини од учесниците изјавиле дека составувањето на „to-do“ листата, само по себе е нивен приоритет. Секојдневната битка со важните за завршување задачи е толку напната , што многумина вработени немаат време за полесни нешта , на пример да го измијат бокалот за кафе , да си земат храна од кујната , па дури и да одат во тоалет. И покрај тензиите во работниот ден 56% од учесниците во анкетата на Microsoft Office прават „to do“ листа и за дома. Во неа влегуваат неделниот шопинг ( 75% ) , чистењето ( 71% ) и купувањето на подароци или роденденски картички ( 60% ) . " Ефикасноста и завршувањето на задачи во одреден рок се предизвиците со кои многумина тешко се справуваат во денешниот свет. Составувањето на to-do листа не е само метод да си организиран , справувањето со дадена задача добро и на време ни остава чувство за високо достигнување " , коментира психологот Линда Блер .
Слично

Поврзани вести