Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ РИБИ ИСЧЕЗНАА: Јадранското Море станува тропски топло

ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ РИБИ ИСЧЕЗНАА: Јадранското Море станува тропски топло

Јадранското Море станува тропски топло со температури од околу 30 степени.

Tемпературата во некои делови е и повеќе, и тоа доведе до исчезнување на одредени видови риби, како и до цутење на морето. Се смета дека ова е последица на климатските промени. 

Според „Гардијан“, топлината на морето и слабите струи придонеле за широко распространета пролиферација, особено во северните и централните области на Јадранот, на муцилагин, или слуз, густа, лигава бело-жолта супстанца формирана од различни микроалги кои се акумулираат на морското дно.

Оваа слуз е релативно уникатна за Јадранот на италијанската страна и има тенденција да се акумулира повеќе кога морето не добива доволно хранливи материи од реката По, која се влева во Јадранот на север, додека повеќето видови риби можат да избегаат од слузот, тоа може да ги задуши школките, кои исто така се загрозени, како и сините ракови кои успеваат во потоплиот Јадран, особено во северните делови. Италијанските рибари велат дека вакво нешто досега не се случило. Потврдуваат дека некои риби веќе се изумрени. 

Слично

Поврзани вести