Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОДОБРУВАМ“-ОДГОВОРОТ НА ПУТИН ДО НАТО: 16.000 доброволци од Блискиот Исток ќе се борат на страната на Русија

„ОДОБРУВАМ“-ОДГОВОРОТ НА ПУТИН ДО НАТО: 16.000 доброволци од Блискиот Исток ќе се борат на страната на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го прифати предлогот на Сергеј Шојгу да дојдат доброволци и да се борат во Доњецк и Луганск. Конкретно, Шојгу предложил повеќе од 16.000 доброволци од Блискиот Исток да дојдат на помош.

„Ако видите луѓе кои сакаат, на доброволна основа, особено не за пари, да дојдат и да им помогнат на луѓето кои живеат во Донбас, соработувајте со нив и помогнете им да дојдат во воената зона“, рече Путин за време на седницата на Советот за национална безбедност. Западот не крие дека собира платеници за Украина. Што се однесува до собирање на платеници од целиот свет и нивно испраќање во Украина, гледаме дека тие не се кријат, западните спонзори на Украина, украинскиот режим, тие не се кријат, тоа го прават отворено, не ги почитуваат сите норми на меѓународнаите закони“, рече Путин.

Тој изјави дека тоа е одговор на НАТО и помош за Украина. Ако треба да потпишам тука сум, рече Путин.

Путин, исто така, ја одобри идејата претставена од Шојгу, која сугерира дека оружјето од западно производство, запленето во Украина, треба да се префрли на трупите на Народните републики Доњецк и Луганск.

Москва напомена дека операцијата е започната со цел да се заштитат жителите на Донбас кои страдаат од нападот на киевските сили и истакна дека целта на операцијата е демилитаризација и денацификација на Украина.


Слично

Поврзани вести