Одобрено одгледување и продажба на генетски модифицирани сорти пченица
Под закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша.
Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Reuters.
ГМО пченицата никогаш досега не била одгледувана во Бразил за комерцијални цели поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за производство на леб, тестенини и колачи.
ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.
