Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДОБРЕН ПРВИОТ ОРАЛЕН ЛЕК ЗА ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА: Zurzuvae засега е единствениот таблетарен третман за оваа состојба

ОДОБРЕН ПРВИОТ ОРАЛЕН ЛЕК ЗА ПОСТПОРОДИЛНА ДЕПРЕСИЈА: Zurzuvae засега е единствениот таблетарен третман за оваа состојба

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, објавија Sage Therapeutics и Biogen.

Zurzuvae е првиот и единствен орален третман за постпородилна депресија, кој се зема еднаш дневно во тек на 14 дена и може да доведе до брзо подобрување, велат компаниите.

Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска администрација на лекот во здравствените установи.

Според компанијата, Zurzuvae би требало да биде достапен во последниот квартал од 2023 година.

Постпарталната или постпородилната депресија е значајна депресивна епизода која обично се јавува по раѓањето на детето, но може да започне и во подоцнежните фази од бременоста.

Исто како и другите видови на депресија, симптомите на постпородилна депресија вклучуваат тага, губење на енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство, наведува ФДА.

„Постпарталната депресија е потенцијално опасна по живот состојба во која жената чувствува тага, вина, безвредност - во потешки случаи, мисли да си наштети себеси или на бебето“, вели Тифани Фарчионе, шеф на психијатрија во Центарот за евалуација и истражување на лекови во ФДА.

„И, бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка-дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето.

Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени „кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни чувства по живот“, додаде таа.

Клиничките испитувања покажаа дека таблетката значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА.

ФОТО: Unsplash/Hollie Santos

Слично

Поврзани вести