Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одмор од пеколот: Доаѓаат со авион, а се „тепаат“ за лежалки (ВИДЕО)

Одмор од пеколот: Доаѓаат со авион, а се „тепаат“ за лежалки (ВИДЕО)

Француски претприемач Марк Симончини неодамна на социјалните мрежи објави видео од хотел во кој престојуваше летово, кое за краток период стана многу популарно. Тој не посочи точно каде се наоѓа хотелот, но се претпоставува дека се наоѓа на Канарските острови, со оглед на тоа што дадената група има свои капацитети таму. Видеото покажува неверојатно стампедо од туристи кои трчаат низ лежалите наредени покрај базенот со цел да ја фатата „најдобрата лежалка покрај базен“, и тоа во раните утрински часови!

Иако е поставено на 14 август на неговиот Инстаграм профил, ова видео е прегледано речиси 15 милиони пати, а предизвика негодување кај корисниците! Сцената е навистина на работ на гротеската - на хотелската плажа со стотици лежалки, туристите се уште дивеат да го заземат посакуваното место.

Вработените во хотелот ги отвораат вратите во 7 часот, а туристите почнуваат да трчаат за да добијат лежалки и најдобри позиции.

Освежителен пијалок, лежалка и чадор. Ова се нештата кои повеќето луѓе ги сакаат на својот одмор, а дали тоа ќе биде покрај базен или покрај море е прашање на личен избор. Накратко, тие сакаат да ги поминат деновите на одмор во мир и „да им скине мозокот“.

Но, што ако секое утро во 7 часот треба да се борите за лежалка и да бидете опкружени со стотици други луѓе кои се веднаш до вас?

Токму тоа го покажува видеото, каде што можете да видите голем базен опкружен со стотици лежалки наредени една до друга. Вработените во хотелот ги отвораат вратите во 7 часот, а туристите почнуваат да трчаат за да добијат лежалки и најдобри позиции.







"Само размислете за тоа. Овие луѓе доаѓаат на море со авион да го поминат својот одмор за да се “борат’ за лежалки покрај базенот. Размислете", е еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Ова е лудо однесување“, коментира друго лице.

„Кој друг станува во 7 часот на одмор? Јас не станувам до 9 часот за да одам на појадок“. коментира третиот.

„Токму затоа мразам вакви места“, е еден од низата негативни коментари.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести