Одмазднички удар: Германците се борат против бегалците во Келн, Меркел ја одложува посета во Давос
Неколку напади врз имигранти се извршени во неделата во Келн, информира „Deutsche Welle“. Полицијата објави дека група од дваесет лица нападнале шестмина Пакистанци, како резултат на што двајца од нив биле однесени во болница со тешки повреди.
Канцеларката Ангела Меркел одлучила да ја откаже посетата на Светскиот економски форум во Давос во врска со зголемените тензии во Келн. Ова го соопшти „The Financial Times“, кој се повикува на анонимни извори.
Подоцна, по информациите на агенција „DPA“, петмина непознати лица извршиле уште еден напад врз 39-годишен сириски државјанин. Мажот бил полесно повреден. Не е познато дали двата настани имаат заедничка поврзаност.
Келнскиот весник „Express“, додава дека група рокери, фудбалски хулигани и учесници преку „Фејсбук“ се договориле да извршат „лов на луѓе“ во центарот на Келн.
Претставник на полицијата ноќта во понеделникот, 11 јануари, се одбидел да ја потврди пораката, велејќи дека истрагата ќе утврди дали овие злосторства се извршени од ксенофобични побуди.
