ОДМАЗДА ЗА АСАНЖ: 40 милиони напади на Еквадор
Заменик министерот за информациони и комуникациони технологии на Еквадор Патрисио Реал соопштил дека имало 40 милиони сајбер напади, чии мети биле сајтови на државни установи на земјата, по апсењето на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, јави АФП.
Како што соопштил Патрисио Реал, сајбер нападите биле изведени од неколку држави: САД, Бразил, Германија, Романија.
Џулијан Асанж на 11 април , месецов, беше уапсен врз основа на налог кој е издаден во 2012 година поради непојавување пред суд, како и врз основа на барањата на шведски и американски власти.
Судот истиот ден го прогласил Асанж за виновен за нарушување на условите за пуштање со кауција.
Британија побара од САД до 12 јуни да ги достават сите неопходни документи за испорачувањето на Асанж.
