„Анонимус“ со закана до британската влада: Како планираат да се одмаздат за апсењето на Асанж?
Хакерите од Анонимус се заканија дека ќе се одмаздат на британската влада за апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
„Ослободете го Асанж – или ќе платите“,
предупредуваат во изјавата.
Во нивната изјава се наведува дека основачот на Викиликс е номиниран за Нобеловата награда за мир во 2010 година, и неговото дело го привлече вниманието на сите медиуми во светот.
„Луѓето во целиот свет го сакаат, особено оние кои се доволно умни да ја предвидат пропагандата што ја оправдува надворешната политика на САД и нивните сојузници“, се наведува во соопштението.
Основачот на Викиликс беше уапсен вчера во Лондон по одлуката на Еквадор да го прекине својот политички азил од 2012 година за повторените прекршувања на меѓународните конвенции.
Слично
