ОДЛУКА ОД ВИТАЛНA ВАЖНОСТ ЗА ЕВРОПА: Сијарто откри кога ќе се донесе одлуката за лимитот на цената на горивата
Министерто за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто изјави дека во најдобар случај одлуката за максималната граница за цената на горивата може да се донесе на состанокот на министрите за енергетика во понеделник на 19 декември.
- Сега, во најдоброто сценарио, се чини дека можеби во понеделник, за време на следниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ, ќе биде можно да се донесе одлука (за лимитот на цената) - рече Сијарто.
Сијарто претходно изјави дека на средбата во вторник не можело да се договори за горната граница на цената на горивата.
На 13 декември во Брисел се одржува вонреден состанок на Советот на министри за енергетика на земјите од ЕУ, на кој повторно се разговара за ограничувањето на цената на горивата.
На 22 ноември, Европската комисија предложи создавање на привремен механизам за прилагодување на пазарот на горивата со цел да се намали неговата нестабилност и да се заштитат граѓаните и претприемачите на ЕУ од ненадејни скокови на цените на бензинот.
