Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДЛУЧЕНО: Бесплатен Wi-Fi во сите градови

ОДЛУЧЕНО: Бесплатен Wi-Fi во сите градови

Државите членки на Европската унија додоа поддршка на иницијативата наречена WiFi4EU, која подразбира бесплатен пристап до мрежите на бежичниот интернет во градовите и селата.

Поддршката на иницијативата следи неполни три месеци откако претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го претстави планот со кој на телата на локалната власт во ЕУ им се дава можност да им овозможат на граѓаните во градовите и селата бесплатен пристап до Wi-Fi мрежи.

Првиот повик за поднесување на проектни предлози се планира до летото 2017 година, а сите тела на локалната власт во ЕУ ќе можат да се пријават за добивање ваучер за да понудат висококвалитетен пристап до интернет во своите паркови, трговски центри, јавни згради и книжари.

Ваучерите ќе се доделуваат според редоследот на пријава, па началниците на општините и градоначалниците би требале да бидат подготвени да реагираат штом биде отворен процесот на пријавување. Кој добие ваучер, со него ќе може да купува и инсталира врвна опрема за локални точки за пристап на мрежи на бежичен интернет. Останатите трошоци ќе ги сноси локалната власт.

Телата на локалната јавна власт која сака да понуди бесплатна интернет врска на подрачјата на кои уште не постои јавна или приватна услуга ќе може да се пријават за финансирање по пат на едноставна и небирократска постапка, велат во Комисијата.

За периодот од 2017 до 2019 година се одредени средства во износ од 120 милиони евра. Комисијата проценува дека од програмот корист ќе имаат најмалку шест до осум илјади локални заедници.

Слично

Поврзани вести