Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложувањата во курирските служби оставија илјадници луѓе без божикни подароци

Одложувањата во курирските служби оставија илјадници луѓе без божикни подароци
Илјадници луѓе низ целиот свет останаа без божикни подароци поради одложувања во големите американски курирски служби " ФедЕкс " ( FedEx ) и " Ју Пи Ес " (UPS ) , пренесе ИТАР -ТАСС . Одложувањето е поради огромниот број на налози во онлајн продавниците, како и лошите временски услови во САД од почетокот на неделава . Ниту една од двете компании не соопшти колку нарачки не биле доставени во предвидениот рок. Единствено истакнаа дека тие се мал дел од вкупниот број пратки . " Количеството на пратките , кои требаше да го произведеме по Божик, ги надмина нашите логистичките можности, поради што испораката на некои пратки се одложува " , се вели во соопштението на " Ју Пи Ес " . Од компанијата уверуваат дека вложуваат максимални напори за побрзо доставување . Слична изјава даде и " ФедЕкс " . Претставници на компанијата коментираа дека од Денот на благодарноста , кој се одбележува во последниот четврток од ноември , до Божик, службата обработила околу 275 милиони пратки . Од двете курирски служби уверија дека ќе ги вратат парите на клиентите , кои платиле за експресна испорака , а не добиле налози на време.
Слично

Поврзани вести