Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложена визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија

Одложена визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија

Земјите членки на ЕУ ја одложија визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија.

Укинувањето на визите за Косово се одвива бавно и според пишувањето на косовските медиуми тоа нема да се случи пред есенва. За Турција, Брисел вели дека земјата напредува во исполнувањето на 72 критериуми за укинување на визите. Сепак Турција ќе го пропушти јунскиот рок, и се очекува дека визите ќе бидат укинати дури на есен.

Амбасадорите на ЕУ денеска разговараа за сличниот договор со Грузија, но одлуката за тоа не се донесе. Можно е ова прашање повторно да се разгледува идната недела, пред да разговараат за уште поконтроверзното прашање за Украина.

Холандија сега претседава со Унијата и  ги закажа техничките средби за Украина дури по завршувањето на состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, на 9 и 10 јуни. Ова навестува  дека дотогаш веројатно нема да биде донесена одлуката за Киев.

Слично

Поврзани вести