Одложена одлука за оданочување на депозитите над 100.000 евра на Кипар
Кипарската Централна банка дури по неколку месеци ќе ја соопшти својата конечна одлука за тоа со колку проценти ќе бидат оданочени необезбедените депозити над 100.000 евра во Банката на Кипар.
Според најавите, одлуката за точниот процент на оданочување на депозитите, Централната банка требаше да ја донесе на почетокот на неделава со што требаше конечно да се нормализира ситуацијата во банкарскиот сектор на островот. Но, оттаму соопштија дека во согласност со постигнатиот договор меѓу владата во Никозија и Еврогрупата, одлуката за данкот ќе се донесе во рок од 90 дена, откако своја оценка ќе даде независен ревизор за активите и обврските на Банката на Кипар.
Слично
