Одложена евакуацијата од Дебаљцево
Евакуацијата на цивили од Дебаљцево е одложена за утре поради зголемените конфликти на таа територија, јавуваат од министерството за сообраќај од самопрогласената република.
„Автобусите кои се пратени во Дебаљцево за евакуација на граѓаните не беа во можност да дојдат до своите дестинации“, изјавуваат во соопштение.
Како што наведуваат, превозот не може да се пробие бидејќи конфликите во околните градови продолжиле, пренесува руската новинска агенција Тасс.
На улиците во Дебаљцево и железничката станица кои го поврзуваат Дебаљцево и Луганск се водат борби помеѓу просруските војници и украинаската војска веќе два дена по прогласување на мирот.
Слично
