Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одлична продажба на „Peugeot Citroen“ во Кина, голем пад во Европа

Одлична продажба на „Peugeot Citroen“ во Кина, голем пад во Европа
Францускиот производител на автомобили „PSA Peugeot Citroen“, кој се бори за опстанок во Европа, објави одлични резултати за продажбата во Кина. Во првото тримесечје на фискалната година, продажбата овде се зголемила за 31% во однос на истиот период претходната година. Растот е инициран главно од зголемувањето за 24%  во продажбата на брендот „Peugeot“, произведен во соработка со локалниот производител „Dongfeng“, пренесува „MarketWatch“. „Dongfeng Motor“ е базирана во Хебеј, како и компаниите „PSA Peugeot Citroen SA“ и „Honda Motor Co“. Меѓу кинеските автопроизводители таа е на второ место по производство и продажба. Кинеската компанија произведува заеднички автомобили и со Нисан и Киа. Во прилог на ова, уште една кинеска компанија „Chongqing Changan Automobile“ ќе започне годинава со производството на седанот„Citroen DS5“ во фабриката со годишен капацитет од 200 000 возила. Кина е најголем поединечен пазар за „Peugeot Citroen“ во првиот квартал. Продажбата на автомобили пак на француски пазар падна за 19% во првите три месеци годинава, падот во Европа  е 15%. Истовремено француските медиуми ја пренесоа изјавата на претседателот на компанијата за азиските операции Грегоар Оливие, според кого концернот се стреми кон 26% зголемување на продажбата во Кина оваа година до 557 000 возила, во споредба со 442 000 продажби во 2012 година.  
Слично

Поврзани вести