Одиме на соживот со короната, порача премиер на држава
Одиме на соживот со короната, порача премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.
Земјата се оддалечува од политиката на нулта толеранција кон коронавирусот и тежок карантин. Имено, откако земјата ги затвори границите на почетокот на пандемијата, беа пријавени само 4.409 заразени и 27 починати.
Но, со појавата на делта сојот, бројот на нови инфекции почна да расте. Потоа имаше долгорочно затворање на главниот град Оукленд. Иако имаше строги мерки шест недели, што вклучуваше строги ограничувања за движење, градот денеска има 24 нови заразени.
Премиерката Џасинда Ардерн призна дека неколкудневните ограничувања не успеаја да го доведат бројот на нула бројот на заразени, пренесува Си-Ен-Ен.
Слично
