Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДИГРАЛ ИСТОРИСКА УЛОГА: Член на американскиот Конгрес го номинирашe Трамп за Нобелова награда за мир

ОДИГРАЛ ИСТОРИСКА УЛОГА: Член на американскиот Конгрес го номинирашe Трамп за Нобелова награда за мир

Член на американскиот Конгрес го номинираше претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако тој посредуваше во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, објави Фокс њуз.

Претставникот Бади Картер од Џорџија му пиша на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и во спречувањето на најголемиот спонзор на тероризам во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

Трамп доцна синоќа прогласи крај на „12-дневната војна“, а прекинот на огнот стапи на сила утрово. Со тоа заврши конфликтот што траеше нешто повеќе од една недела, откако Израел првпат почна напад врз Иран, тврдејќи дека Техеран е опасно блиску до стекнување нуклеарно оружје.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информираше американскиот претседател Доналд Трамп за време на денешниот телефонски разговор дека ќе се воздржи од понатамошни напади врз Иран, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Трамп го фалеше својот имиџ како миротворец само 48 часа откако американските бомбардери „невидливи“ го нападнаа Иран.

Слично

Поврзани вести