Економија, финансии, бизнис

Контакт

OДИ НА „ПРЕВЕНТИВНА“ ХЕМОТEРАПИЈА: Кејт Мидлтон откри дека има канцер

OДИ НА „ПРЕВЕНТИВНА“ ХЕМОТEРАПИЈА: Кејт Мидлтон откри дека има канцер

42-годишната Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри дека има канцер и дека е на „превентивна“ хемотерапија.

Во видео пораката до јавноста изјави дека таа и Вилијам прават сѐ што можат приватно да ја решат ситуацијата поради семејството, посебно да најдат начин тоа да им го објаснат на трите деца

„Овие неколку месеци беа многу тешки за целото семејство, но имав фантастичен лекарски тим кој се грижеше одлично за мене и благодарна сум им за тоа. Во јануари имав голема операција на стомакот во Лондон и во тој период немав никаква канцерогена состојба. Операцијата беше успешна, но тестовите покажаа дека е присутен канцер. Мојот медицински тим ме советуваше да одам на превентивна хемотерапија и сега сум во почетните етапи на тој третман. Ова, се разбира, беше огромен шок и Вилијам и јас правиме сѐ што можеме да се справиме со тоа и да ја задржиме приватноста за доброто на нашето младо семејство“, изјави Мидлтон.

Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува детали за тоа каков вид на канцер има принцезата. 

Слично

Поврзани вести