ОДГОВОР НА САНКЦИИТЕ? Русија сака да забрани хамбургер и кока-кола
Во екот на новата напнатост меѓу Русија и западните земји предводени од САД и ЕУ, официјална Москва сé почесто ја споменува можноста да забрани некои од најпопуларните производи на „западната цивилизација“, како што се хамбургерот и кока-колата.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека еден од приоритетите на неговата влада е да создаде услови за зголемување на производството на храна за рускиот пазар. Дел од руските официјални претставници, пак, ваквата мерка ја оправдуваат и со здравствени причини.
„Производството и продажбата на Кока-Кола, Пепси-Кола, храна во „Мекдоналдс“, како и слични производи од американската брза храна се штетни по здравјето на луѓето и би требало да бидат забранети од хигиенски причини“, вели шефот на рускиот Институт за проблеми на глобализацијата Михаил Дељагин.
Според официјалните информации, ваквата политика има поддршка во јавноста во Русија, од која дел веќе ги бојкотира странските, а пред сé американските производи. Медиумските анкети покажуваат дека дури 81 проценти од граѓаните на Русија, кои им припаѓаат на младите постсоветски генерации се уверени дека може да се живее без „украинките бомбони и компирот од Полска“, односно од сопствената прехранбена индустрија, додека кај постарите генерации тој процент е помал.
Слично
